Холандскиот второлигаш МВВ Маастрихт загуби вчера со 1:2 во натпреварот од второто коло на холандскиот куп против Феенорд. По тој резултат, го искористи моментот да му се потсмева на Манчестер Сити, англискиот гигант кој доживува криза.
Актуелниот англиски шампион е во лоша серија, во која има победено само еднаш во последните 11 натпревари. Осум пати загубил, а двапати играл нерешено.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Едно од тие нерешени средби беше во натпревар од Лигата на шампионите против Феенорд, каде што водеше со 3:0 до 74. минута, а на крајот заврши со 3:3. Клубот кој 25-та сезона по ред игра во втората лига на Холандија на социјалните мрежи по испаѓањето од купот го означи Манчестер Сити и напиша: “Сакате да научите како да примите само два гола од Феенорд, побарајте не.”
Двата гола за Феенорд на вчерашниот натпревар ги постигна Запикуено Редмонд, додека за МВВ Маастрихт стрелец беше Илано Силва Тимас.