Дома Фудбал Штета: Милер постигна убав гол уште на дебито за новиот клуб, но беше поништен (Видео)

Штета: Милер постигна убав гол уште на дебито за новиот клуб, но беше поништен (Видео)

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер го имаше своето деби синоќа за новиот тим Ванкувер Вајткапс, во кој пристигна ова лето.

По цели 25 години од моментот кога го облече дресот на Баерн Минхен, клуб во кој стана икона на светскиот фудбал, Милер сега првпат во кариерата носи дрес на друг клуб.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Беше необично да се види Милер во бело-сините бои, кои ќе ги носи до крајот на годината, додека постои можност договорот да му биде продолжен за уште една година.

Во синоќешниот дуел, Ванкувер одигра нерешено 1:1 против Хјустон Динамо, а Милер имаше солиден настап откако влезе од клупата во 61-та минута. Еднаш и ја затресе мрежата, но голот беше поништен поради офсајд.

Милер го носеше дресот на баварскиот гигант од својата десетта година, прераснувајќи во вистинска икона на германскиот фудбал играјќи за Баерн.

Тој одигра вкупно 743 натпревари за Баерн, што е најголем број на натпревари за било кој играч во историјата на клубот. На меѓународната сцена, беше дел од составот на Германија кој го освои Светското првенство во 2014 година.

Ванкувер моментално го зазема третото место на табелата на Западната конференција на американската MLS лига, каде имаат 46 бодови од 26 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пол Гаскојн се потсети: Испив девет чаши ракија, а потоа бев прогласен за играч на натпреварот

Животот на Пол Гаскојн беше обележан со неверојатен талент за фудбал, но и со исклучоци во…