
Светската антидопинг агенција (WADA) даде одговор на прашањето како е можно да има разлика во должината на суспензијата за користење на иста супстанца.
“Associated Press” праша WADA зошто Јаник Синер доби само три месеци забрана за играње, а шпанската клизачка Лаура Баркеро дури шест години.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Во двата случаи, во организмот беше пронајдена забранетата супстанца клобетазол.
“Основната разлика помеѓу овие два случаи е тоа дека објаснувањето на госпоѓицата Баркеро за тоа како супстанцата влезе во нејзиниот организам не беше убедливо во вид на докази и тие околности, што се однесува до WADA, останаа непознати. Во случајот на Синер, доказите го потврдуваат она што тој го рече во неговата изјава”, соопшти WADA.
Лаура Баркеро беше позитивна на Зимските олимписки игри 2022, а потоа повторно во јануари 2023.
Се наведува дека таа прифати договор, кој го потпишаа уште WADA и ISU (Меѓународната клизачка организација).
“Ако госпоѓица Баркеро не се согласи со предложената казна, таа немаше да го потпише договорот за завршување на случајот. Имаше можност да се жали пред Судот за спортска арбитража”, додава WADA.