Дома Фудбал Шпанска судиска легенда за Реал и Барселона: 90 проценти од судиите навиваат за…

Шпанска судиска легенда за Реал и Барселона: 90 проценти од судиите навиваат за…

Иако поголемиот дел од шпанските професионални фудбалски клубови имаат силна база на навивачи и полни стадиони, едно е јасно, Шпанија е претежно отсекогаш поделена на два големи табора. Оние што живеат и дишат за Реал Мадрид и оние што со сето срце ја следат Барселона.

Ривалството помеѓу двата најголеми клуба во светот не се одразува само на навивачите и играчите, туку често се провлекува и низ медиумите, експертите, па дури и судиските одлуки.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Таa вечна тема, дали судиите се пристрасни кон една од страните, повторно се појави откако проговори судиската легенда Едуардо Итуралде Гонсалез. Во ексклузивен разговор за Cadena SER, поранешниот меѓународен судија даде став што предизвика бурни реакции.

„Деведесет проценти од судиите во Шпанија навиваат за Реал Мадрид, а десет проценти за Барселона“ рече Итуралде без задршка, нагласувајќи дека тоа е одраз на самата структура на шпанското општество, продолжувајќи:

„Дали ѝ се допаѓало на Барселона или не, околу 70 проценти од популацијата во Шпанија, исклучително Каталонија, навива за Реал Мадрид.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разделбата со Тудор му донесе добар ефект на Јувентус и лошата серија беше прекината

Јувентус стави крај на лошата серија од осум последователни натпревари без победа, поради …