Дома Фудбал Шпанците воодушевени: Младата ѕвезда на Реал Мадрид направила неверјатна трансформација пред почетокот на сезоната

Шпанците воодушевени: Младата ѕвезда на Реал Мадрид направила неверјатна трансформација пред почетокот на сезоната

Почетокот на новата сезона во најсилните европски лиги се приближува, а трансформацијата на младата ѕвезда на Реал Мадрид, Арда Гулер, пред стартот на Ла Лига ги остави сите со позитивен впечаток.

Дваесетгодишниот Турчин е играч од кого во Мадрид многу очекуваат, особено по заминувањето на Лука Модриќ, и ова лето вложи многу труд за да ја подобри својата физичка спремност.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


По напрегнатите тренинзи, Гулер изгледа навистина неверојатно, а шпанскиот спортски весник Ас објави дека Турчинот додал осум килограми мускулна маса за време на летната пауза.

Зад Гулер се две сезони во кои остана во втор план поради честите повреди. Во првата сезона собра само 440 минути на теренот, но сепак успеа да постигне шест голови. Во текот на минатата сезона има постигнато шест голови и 11 асистенции за време на 2.200 минути игра.

Турчинот е свесен дека следната сезона е најважна во досегашната му кариера и дека мора да се наметне кај тренерот Чаби Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо отворено зборуваше за проблемите во тимот

Чаби Алонсо, тренерот на Реал Мадрид, одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар што…