Светски познатата активистка Џејн Гудал изнесе шокантни тврдења и поднесе жалба до светската фудбалска организација (ФИФА) во врска со наводи дека Мароко планира да убијат три милиони кучиња пред организацијата на Светското фудбалско првенство.
Џејн Гудал се обрати со шокантни зборови до генералниот секретар на ФИФА, Матиас Графстром. Таа напиша силно отворено писмо и побара итна реакција поради наводното континуирано отстрелување на кучиња скитници во Мароко.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Мароко ќе биде домаќин на историското Светско првенство во фудбал во 2030 година. Ова ќе биде втор пат Мундијалот да се игра на африканска територија, но првпат ќе се игра на три различни континенти.
Главните домаќини на Светското првенство ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко, но ќе биде претставена и по една утакмица во Аргентина, Уругвај и Парагвај, поради годишнината од основањето на Мундијалот.
Меѓутоа, според шокантните зборови на Гудал, кои ги изнесе до ФИФА, Мароканците планираат да убијат три милиони кучиња на улица, за да бидат “фановите безбедни на Светското првенство”.
Jane Goodall denuncia un ‘genocidio’ de perros por el Mundial 2030 en Marruecos: asegura que se matarán más de tres millones https://t.co/aROEfPGSTi
— 20minutos.es (@20m) January 15, 2025
“Бев апсолутно згрозена кога видов дека мароканските власти започнале масовно убивање на улични кучиња за да ги направат локациите на Светското првенство ‘побезбедни’ за странските посетители”, напиша Гудал.
Оваа активистка наведе дека ФИФА ќе биде соучесник во овој варварски чин ако не преземе никакви мерки.
“Фудбалските навивачи, од кои несомнено многу се љубители на животни, ќе реагираат со повици за бојкот на земјата и ќе вршат притисок врз спонзорите да се повлечат. Ако ФИФА не преземе нешто, ќе биде позната по својот соучесник во овој ужасен чин на варварство”, додаде таа.
🇲🇦 Morocco plans to cull three million stray dogs ahead of the ⚽ 2030 FIFA World Cup, drawing global condemnation from animal rights activists, including Jane Goodall.
— The Raven (@the_raven28) January 16, 2025
They are urging FIFA to intervene and stop the inhumane actions.
Гудал побара од ФИФА да ја суспендира организацијата на Светското првенство во Мароко, додека “убиствата не престанат”.
Многу познати личности и експерти во областа на ветерината повикаа ФИФА да интервенира и се приклучија на иницијативата на Меѓународната коалиција за животни (IAWPC) да постават обврзувачки услови за заштита на животните во Мароко или да им се одземе организацијата на Светското првенство.