Дома Фудбал Шокантна изјава на екс-фудбалерот на Динамо и Арсенал: Во случај на моја смрт целиот имот му припаѓа на Здравко Мамиќ

Шокантна изјава на екс-фудбалерот на Динамо и Арсенал: Во случај на моја смрт целиот имот му припаѓа на Здравко Мамиќ

Сведочејќи на Окружниот суд во Осиек на судењето за извлекување пари од клубот, во т.н. афера „Динамо 2“, да Силва рече дека договорот го потпишал во 2001 година, кога сѐ уште не знаел добро хрватски јазик, па не го прочитал, ниту го добил по потпишувањето.

Тој изјави дека, по неговиот трансфер во лондонскиот „Арсенал“, биле шокирани кога го виделе тој договор во Англија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Можам да кажам само делови, каде што било договорено дека во случај на моја смрт, целиот мој имот и права ќе припаднат на Здравко Мамиќ, дека додека играм професионален фудбал, агенцијата на Мамиќ има право на 25 проценти од мојата заработка, и дека Здравко Мамиќ може кога сака да пристапи на мојата тековна сметка, сведочел да Силва.

Иако при потпишувањето била присутна преведувачка, да Силва тврди дека не му било објаснето какви се неговите договорни обврски кон агенцијата, а договорот го потпишал затоа што му верувал на неговиот тогашен агент од Бразил.

На прашања на УСКОК ја потврди изјавата од истрагата, според која му било кажано дека договорот мора да го потпише за да може да игра фудбал во Хрватска, и за да може Здравко Мамиќ да се грижи за него како менаџер.

Подоцна потпишал анекс на тој договор, кој повторно не го прочитал, а кога го превел во Англија, видел дека пишувало дека од агенцијата на Мамиќ добил 100 илјади евра, што, напоменува, не било вистина.

Да Силва рече дека за време на играњето во Динамо, освен плаќањата на неговата сметка, како бонус за добри игри, двапати добил „на рака“ вкупно 500 илјади евра, но не знае дали тоа биле пари од клубот или од Здравко Мамиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синго е една од опциите на Милан за замена на Тео Ернандес

Десниот бек на Монако, Вилфрид Синго, е предложен на Милан. Италијанскиот клуб, кој нема д…