Дома Останати Ракомет Шок за Португалците: Поради допинг останаа без еден од најважните ракометари!

Шок за Португалците: Поради допинг останаа без еден од најважните ракометари!

Португалскиот ракометен репрезентативец Мигел Мартинс нема да настапи за својата национална селекција на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска поради позитивен допинг тест.

Мартинс е еден од најдобрите играчи на репрезентацијата на Португалија, а неговиот клуб Алборг од Данска објави дека поради наведената причина нема да учествува на оваа голема светска манифестација.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


“Секако дека ова е голем шок за нас, неверојатно е што ни беше соопштено. Веднаш стапивме во контакт со Мигел, кој е збунет исто како и ние, и инсистира дека не направил ништо незаконско. Тој веднаш побара да се изврши Б тест за да се разјасни ситуацијата, но сигурно е дека нема да учествува на светското првенство”, изјави директорот на Алборг Јан Ларсен и додаде:

“Не можеме и нема да правиме ништо повеќе додека не бидат достапни резултатите од Б тестот, за кој не знаеме кога ќе се случи. Дури кога ќе ги знаеме резултатите, ќе се занимаваме со оваа ситуација”.

Португалците ќе го отворат Светското првенство со меч против САД денеска од 18:00 часот, а покрај нив во групата Е се наоѓаат Норвешка и Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ракометарките нема да одат на Светско првенство, Полска повторно подобра

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да се квалификува на Светското првен…