Дома Фудбал Шок за Барселона: Се повреди Левандовски!

Шок за Барселона: Се повреди Левандовски!

Барселона може да плати скапо за вчерашната голема победа против Селта со резултат 4:3 во 32. коло на шпанската Ла Лига.

Каталонците губеа со 1:3 до 64. минута, во 68. минута веќе беше 3:3, а славеа со голот на Рафиња од пенал во 98. минута. Сепак, одлуката на тренерот Ханси Флик да го извади главниот напаѓач Роберт Левандовски во 70. минута веднаш изгледаше сомнителна, а сега од Шпанија пристигнуваат прогнози кои се катастрофални за екипата што сака да ги освои сите три трофеи на крајот од сезоната.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според информациите на весникот “As”, во Барселона постои сериозен страв дека кај Полјакот станува збор за повреда на задниот мускул, потенцијално и кидање на мускулот, што би значело пауза од најмалку три седмици.

Доколку овие информации се потврдат, тогаш Левандовски ќе го пропушти финалето на Купот на Кралот против Реал Мадрид, кое се игра во Севиља на 26 април. Исто така, во тој случај би го пропуштил и полуфиналниот двомеч на Лигата на шампионите против Интер (30 април и 6 мај).

Левандовски (36) игра одлично оваа сезона, а на 31 лигашки натпревар постигна 25 голови.

Барса е лидер на Ла Лига со 73 бода и е на +7 во однос на Реал Мадрид, кој вечерва го дочекува Атлетик Билбао.

Фото: Barcelona FC
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Само еден фудбалер од сегашниот тим на Реал би имал место во првата 11-ка на Галактитосите“

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес, и овој пат даде остра и директна п…