
Ирска денеска во Будимпешта приреди вистинска сензација во последното коло од квалификациите, победувајќи ја домаќинската Унгарија со 3:2 и пласирајќи се во бараж за Светското првенство следната година.
Унгарците поведоа уште во 3. минута со голот на Лукаќ. Гостите од Ирска израмнија во 15. минута преку Парот кој беше прецизен од точката за пенал.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Сепак, во 37. минута, Унгарија повторно поведува, овојпат стрелец беше Варга. Парот го изедначи резултатот за Ирска со својот втор гол на натпреварот во 80. минута.
Кога сите очекуваа нерешен резултат што ќе значеше бараж за Унгарија, навивачите на Пушкаш Арена замолчеа. Парот со својот трет гол е во 96. минута ѝ донесе голема победа на Ирска и шанса за бараж.
Ирците изведоа вистинско чудо, со оглед на тоа што за осигурување на второто место во последните две кола мораа да ги совладаат и Португалија и Унгарија, што на крајот и го направија.
Трој Парот хет-трик!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 16, 2025
Унгарија е надвор! Ирска е во бараж!
Квалификации за Светско првенство | 🏆 Унгарија 2-3 Ирскаpic.twitter.com/grrMqmN7Su