Дома Останати Кошарка Шок од Србија: Обрадовиќ ја завршува кариерата?!

Шок од Србија: Обрадовиќ ја завршува кариерата?!

Некои српски медиуми денеска објавија изненадувачка вест дека трофејниот кошаркарски експерт Жељко Обрадовиќ (65) решил да се пензионира и ја заврши својата тренерска кариера.

Веста беше објавена на порталот Soccerbet и ја пренесоа бројни други медиуми.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што се тврди, пријателите и семејството на популарниот Жоц му организирале прослава и забава по повод неговото заминување во пензија во родниот Чачак.

“Заврши! Најголемиот оди во пензија! Според сигурни извори, најблиските пријатели и семејството го организирале славјето за Жељко по повод пензионирањето во неговиот роден Чачак. Жељко Обрадовиќ е најтрофејниот европски тренер на сите времиња. Освои 49 трофеи, од кои девет во Евролигата,” пишува порталот Soccerbet.

Пред два месеца Обрадовиќ го напушти Партизан, каде што четири години беше тренер и му ја врати титулата шампион на регионалната АБА лига, која ја освои двапати.

Претходно ги водеше Фенербахче, Панатинаикос, Бенетон, Реал Мадрид и Ховентут, а беше и селектор на Србија и Црна Гора, како и на СР Југославија.

Со Панатинаикос постигна историски успеси, освојувајќи пет титули на Евролигата и претворајќи го атинскиот клуб во европски џин. Вкупно деветпати ја има освоено Евролига, што го прави најтрофејниот тренер во историјата на ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис Антетокумпо плачеше на клупата поради своите навивачи, па им жестоко одговори по мечот (Видео)

Кошаркарите на Милвоки Бакс го доживеаја едно од најголемите понижувања во последните годи…