
Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума можеби ќе се врати во Италија само по четири месеци минати во Манчестер Сити, открија неговиот агент при интервју за италијанската телевизија RAI.
Според достапните информации, Јувентус и Интер се силно заинтересирани и внимателно ја следат ситуацијата, подготвени да дејствуваат доколку Сити одлучи да ја раскине соработката со италијанскиот чувар на мрежата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Донарума пристигна во Англија од Пари Сен-Жермен, но изгледа дека на Етихад не целосно се вклопи во визијата на тренерот Пеп Гвардиола. Иако оваа сезона има 25 настапи и примени 24 гола, не успеа да го увери стручниот штаб дека е долгорочно решение на голот.
Враќањето во Италија се чини се пореално
Потенцијалното враќање во Серија А има посебна тежина бидејќи Донарума е дете на Милан, од каде што замина во Париз, што дел од навивачите на Росонерите никогаш не му го простија. Сепак, трансферот во Јувентус или Интер може да означи ново поглавје во неговата кариера и можност за враќање на позната територија.
Во Манчестер Сити, како што се чини, веќе разгледуваат опции на голманската позиција, а Донарума сé почесто се споменува како играч кој би можел да го напушти клубот уште во овој трансфер период.
Останува да видиме дали интересот на италијанските великани ќе прерасне во конкретна понуда, но едно е сигурно – иднината на Џанлуиџи Донарума во Манчестер Сити моментално е под големо прашање.