Дома Фудбал Шкендија утре ја чека пекол во Букурешт!

Шкендија утре ја чека пекол во Букурешт!

Шкендија со минимални 1-0 го доби првиот дуел против ФКСБ (поранешна Стеауа) на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а утре во Букурешт ќе се игра реваншот кој ќе реши дали тетовскиот тим ќе продолжи во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите или ќе мора да се пресели во Лига Европа.

Романските медиуми јавуваат за огромен интерес кај навивачите на ФКСБ, според информациите од таму, досега се продадени 22.000 билети за натпреварот на Националната арена. Со капацитет од околу 30.000 гледачи, извесно е дека стадионот ќе биде исполнет до последното место или барем многу блиску до тоа.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тетовци имаат предност од првиот меч, во кој одиграа цврсто, дисциплинирано и со многу самодоверба. Сега ги чека вистински испит на зрелоста пред жешката публика во Букурешт.

Ако успеат да ја задржат предноста од Скопје, ќе ги чека нова голема шанса во квалификациите за ЛШ. Во спротивно, битката за европска есен ќе ја продолжат во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рекордна потрошувачка на Пеп Гвардиола. Никој му не е ни блиску

МАНЧЕСТЕР СИТИ го потврди враќањето на голманот Џејмс Трафорд, кој доаѓа од Барнли во тран…