Дома Останати Кошарка Серена Вилијамс: Ме обвинуваа дека користам црна магија за да победувам

Серена Вилијамс: Ме обвинуваа дека користам црна магија за да победувам

Поранешната тениска шампионка Серена Вилијамс откри дека за време на својата кариера се соочила со неверојатни обвиненија – некои ја обвиниле, верувале или не, за вештерство и црна магија!

Серена зборуваше за тоа во новата епизода од заедничкиот подкаст со сестра си Венус Вилијамс, под наслов „Стоктон Стрит“, насловен по улицата во Комптон каде што пораснаа. Гостинка им беше пејачката Сијара, а темата беше – „најлудата гласина што некогаш сте ја слушнале за себе“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кога стигна редот на Серена, таа со насмевка раскажа:

– Најлудото нешто што сум го слушнала за себе е дека сум користела црна магија и вештерство, затоа што постојано победував една девојка. Потоа таа тврдеше дека користев магија за да ја победам!

Нејзината сестра Венус веднаш се надоврза со шега:

– Колку што слушнав, некој од нејзиниот тим дури ангажирал ‘црн магионичар’ да те победи!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дали ова е негова последна сезона? Погледнете како Леброн се расплака против Кливленд (Видео)

Во натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Кливленд Кавалирс, кој заврши со резултат 129:…