Дома Фудбал Сензационално враќање на Масимилијано Алегри во Серија А?!

Сензационално враќање на Масимилијано Алегри во Серија А?!

Фудбалскиот клуб Милан очигледно веќе истражува опции за следната сезона, а сега првата мета е – Масимилијано Алегри! 

Се работи, како што сигурно знаете, за поранешниот тренер на Јувентус, но и на Милан, кој донесе титула на „Сан Сиро“ во сезоната 2010/11. Сите знаат дека Алегри е трофеен италијански тренер, со Јувентус освои пет последователни титули од 2015 до 2019 година, но во неговиот последен мандат не се прослави.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Во Милан веруваат дека Алегри би можел да биде подобро решение отколку некои помлади тренери, како Сеск Фабрегас и Роберто Де Зерби, кои исто така беа спомнувани последните недели.

Важно е да се истакне дека Златан Ибрахимовиќ беше дел од таа екипа која ја освои титулата со Алегри и многу е веројатно дека е поддржувач на идејата Италијанецот да се врати на местото на успехот. 

Сержо Консесао очигледно не ги задоволи раководителите на клубот, иако започна со освојување на Суперкупот на Италија. Но, по шокантната елиминација од Лигата на шампионите од Феенорд и потоа низата лоши резултати во Серија А, во Милан веќе гледаат кон нов тренер.

Алегри е без работа од сезоната 2023/24, кога го напушти Јуве, а таа сезона ја освои Купот на Италија. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ја сака ѕвездата на Аталанта

Според шпанските медиуми, Барселона влегла во трката за напаѓачот на Аталанта, Адемола Лук…