
Фудбалерот на Манчестер сити, Антоан Семењо, ја освои наградата за играч на месецот во Премиер лигата за февруари.
Семењо стана третиот фудбалер од Гана кој добил вакво признание, по легендарниот Тони Јебоа и Андре Ајев.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Крилниот напаѓач, кој премина во Сити оваа зима од Борнмут, веднаш почна да прикажува одлични настапи. Во борбата за титулата на најдобриот играч за февруари, тој ги остави зад себе Виктор Ѓокереш од Арсенал, Данга Оутара од Брентфорд, Бенјамин Шешко од Манчестер јунајтед, Вирџил ван Дајк од Ливерпул, како и соиграчот од Сити, Ник О’Рајли.
Во февруари, Семењо постигна три гола и запиша една асистенција.