Дома Фудбал Се зголемува листата со кандидати: Влаховиќ желба на уште еден премиерлигаш

Се зголемува листата со кандидати: Влаховиќ желба на уште еден премиерлигаш

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, како што стојат работите, ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата – но не во Арсенал, Челзи или Манчестер Јунајтед.

Првиот кандидат за ангажирање на Влаховиќ е Астон Вила, која го гледа како идеална замена за Џон Дуран, фудбалерот кој во текот на зимата премина во Ал Наср.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат британските медиуми, Србин е голема желба на тренерот Унаи Емери, кој го гледа како клучен играч во офанзивата на тимот од Бирмингем.

Јувентус е свесен дека летото можеби е последната можност за сериозна заработка од продажбата на Влаховиќ, со оглед на тоа што договорот му истекува во 2026 година.

Се претпоставува дека трансферот би можел да изнесува околу 30 милиони евра, што е релативно поволна цена за напаѓач од неговиот калибар.

Сепак, Астон Вила би морала да издвои значителни средства и за неговата плата, што би можело да биде клучен фактор во преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Импресивен гест од Полјаците: Преку ден дивееле во Белград, а еве што направија откако нивниот тим испадна од Ц. Звезда (Видео)

Полјаците отпаднаа од квалификациите за Лигата на шампионите, а црвено-белите го обезбедиј…