Дома Фудбал Се врати еден од најголемите дерби натпревари во Европа: Спектакл на трибините и победа на „Пиратите“ во Хамбург

Се врати еден од најголемите дерби натпревари во Европа: Спектакл на трибините и победа на „Пиратите“ во Хамбург

Фудбалерите на Сент Паули го совладаа Хамбургер во второто коло на Бундеслигата, во големото дерби на Хамбург.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој меч долго го чекаа љубителите на фудбалот, не толку поради квалитетот, туку поради големото дерби кое лани изостана, бидејќи Хамбургер беше во Втората лига.

Хамбургер има поголем број навивачи и ова е судир на два светови, екстремни десничари и екстремни левичари. Два погледи на животот и две сосема различни филозофии.

Стадионот Фолкспарк беше исполнет до последно место, а навивачите на двата тима имаа спектакуларни кореографии и пиротехники.

На крајот, гостите прославија. Адам Џвугала во 19-та минута ја затресе мрежата на Хамбургер за голема радост во секторот на „Пиратите“.

Кога Хунтонџи го зголеми водството на 2:0 во 60-та минута, тоа беше сигнал за голема прослава на помалиот, но во последно време поуспешен тим од Хамбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона подготвува спектакуларно засилување кое би ги воодушевило навивачите!

Барселона оствари контакти со претставниците на Хари Кејн за да ја испита опцијата за потп…