
Реал Мадрид планира во летниот преоден рок да го зајакне средниот ред, а прв избор им е фудбалерот на Челзи, Енцо Фернандез. Кралевите се подготвени да преговараат за голем трансфер, а Шпанците пишуваат дека може да дојде до голема размена помеѓу двата гиганта.
Аргентинецот Енцо Фернандез е првиот избор на Реал Мадрид за летниот трансфер пазар. Кралскиот клуб е убеден дека му е потребен играч од ваков тип и ќе тргне по него во текот на летото.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, цената не е воопшто прифатлива. Челзи бара најмалку 130 милиони евра, но на Стамфорд Бриџ се подготвени да прифатат и интересна размена.
Шпанците пишуваат дека за Енцо, Сините би сакале во замена да го добијат Винисиус Жуниор, ѕвездата на Реал кој сè уште нема согласност за продолжување на соработката со Кралевите.
“Енцо Фернандез е првата мета на Реал Мадрид. Челзи е подготвен да го пушти и тоа во замена за Винисиус Жуниор. Ако Бразилецот не го обнови договорот, трансферот би можел експресно да се случи”, наведува Defensa Central и додава:
„Аргентинецот вреди помеѓу 120 и 130 милиони евра. Истата вредност во август ќе ја има и Винисиус. Зделката со Челзи, ако Вини не ја продолжи соработката, е голема шанса за двете страни.