Дома Фудбал Се сеќавате ли како изгледаше навивачот на Манчестер јунајтед на почетокот на предизвикот? (Видео)

Се сеќавате ли како изгледаше навивачот на Манчестер јунајтед на почетокот на предизвикот? (Видео)

Поминуват речиси 500 дена откако Френк Илет, во моментов најпознатиот фан на Манчестер Јунајтед, го започнал предизвикот што стана светски хит.

На 5 октомври 2024 година, Илет вети дека нема да се шиша додека Јунајтед не забележи пет последователни победи. Вчера беше на прагот, откако Јунајтед требаше да го победи Вест Хем во Лондон, што ќе беше нивната петта победа по ред.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На негова жалост, серијата победи на Јунајтед се прекина, што значи дека уште извесно време нема да оди на фризер.

На интернет се појави интересна снимка што го документира развојот на Френк Илет од првиот ден на предизвикот до денес, и во само една минута може да се види колку му пораснала косата и колку се изменил.

Нова можност за прекин на чекањето може да се укаже на 20 март, кога тимот гостува кај Борнмут, но само ако претходно ја совладаат Евертон, Кристал Палас, Њукасл и Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА се договори со Реал Мадрид и стави крај на проектот за Суперлига

УЕФА постигнала договор со Асоцијацијата на европските фудбалски клубови и Реал Мадрид, за…