Дома Фудбал Се предомисли: Мане нема да оди во пензија сега, одлучи кога ќе биде крајот

Се предомисли: Мане нема да оди во пензија сега, одлучи кога ќе биде крајот

Најдобриот сенегалски фудбалер рече дека ќе ја заврши репрезентативната кариера ако неговата нација го победи Мароко во финалето на Африканскиот куп на нации. Тоа и се случи, но офанзивецот ја промени својата одлука желен за нови успеси.

Садио Мане беше прогласен за најдобар играч на престижниот турнир, а неговиот Сенегал го подигна пехарот по победата над домаќинот Мароко..

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тоа го натера членот на Ал Наср да го коригира датумот на заминување во репрезентативна пензија и да го закаже за завршувањето на Светското првенство кое ова лето се одржува во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Последниот танц ќе го одигра на најголемата сцена, согласно својот голем калибар.

„Ќе се обидам да играм на Светското првенство 2026 и тогаш ќе се повлечам од националниот тим. Саудиската лига е многу конкурентна и силна, луѓето тоа мора да го знаат. Тоа е едно од најдобрите првенства на планетата“, изјави поранешната ѕвезда на Ливерпул и Минхенскиот Баерн за beIN Sports.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен гол во Хрватска: Дупка го измами голманот и топката заврши во мрежата (Видео)

Фудбалерите на Истра постигнаа важна победа во нивната борба за пласман во Европа, совладу…