
Разделбата помеѓу Мауро Икарди и Ванда Нара станува сè поинтензивна, а деталите што излегуваат во јавност предизвикуваат шок низ целиот свет.
Еден нов скандал дополнително го влоши случајот, откако експлицитно видео започна да се шири на интернет.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Според италијанскиот магазин Oggi, фудбалерот ја тужи поранешната партнерка поради појавувањето на еротскиот снимка на социјалните мрежи во 2021 година.
Икарди снимката ѝ ја испратил приватно на Ванда, а иако била набрзо избришана, Мауро инсистира на финансиска компензација.
Според шпекулации, видеото е објавено од Наташа Реи, влијателка и блиска пријателка на Ванда Нара.
Се огласи и моменталната партнерка на Икарди, актерката и влијателка Чина Суарез, чија изјава исто така одекна во јавноста.
“Адвокатите веќе работат на случајот! Поднесовме тужба, бидејќи ова е спротивно на законот!
Ваква ситуација може да му се случи на секого. Станува збор за интимно и приватно видео и ваквите прекршувања се законски санкционирани”, нагласи Чина.
Се огласи и Наташа која потврдува дека снимката не ја добила од Ванда, а Ванда за медиумите во Аргентина демантираше ваквите обвинувања.
“Не знам што повеќе се обидуваат да ми припишат. Ќе докажам дека не сум испратила ништо никому!”, изјави Ванда Нара.
Бракот кој започна контроверзно, се чини дека така и завршува. Последните години овој пар беше во центарот на вниманието поради постојани расправии и помирувања.