Дома Фудбал Се појави нова опција за Елмас, може да потпише за поранешниот клуб на Барди!

Се појави нова опција за Елмас, може да потпише за поранешниот клуб на Барди!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се врати во Лајпциг по позајмицата во Торино, но неговата иднина останува неизвесна. Германскиот бундеслигаш, според последните информации, не планира да смета на неговите услуги, а интерес за Елмас сега покажува турскиот Трабзонспор.

Во последниот период Елмас беше поврзуван со неколку европски клубови, меѓу кои и шпанскиот Реал Сосиедад, но како нова и реална опција сега се појавува Турција, земја во која Елмас веќе остави силен впечаток настапувајќи за Фенербахче пред трансферот во Наполи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Турските медиуми пренесуваат дека Трабзонспор е сериозно заинтересиран за услугите на Елмас, но потенцијална пречка може да биде отштетата. Лајпциг, наводно, бара околу 20 милиони евра за неговата слобода.

Да потсетиме, Елмас минатата сезона ја мина во италијанскиот Торино, каде што имаше солидна улога, но клубот не успеа да постигне договор со Лајпциг за откуп на неговиот договор, па македонскиот интернационалец летово повторно е во потрага по нова средина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…