
Реал Сосиедад активно работи на засилување на средниот ред за наредната сезона, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е една од можните опции за засилување на шпанскиот состав.. Наводно, Елмас кој е под договор со Лајпциг, е еден од главните приоритети на клубот од „Сан Себастијан“ во тековниот летен преоден рок.
Благодарение на добрите односи меѓу Реал Сосиедад и РБ Лајпциг, во клубот се надеваат дека би можеле да се реализира уште една трансфер-операција. Елмас е играч со изразен технички квалитет и голем потенцијал, а шпанскиот клуб гледа можност да го доведе токму сега, во момент кога тимот има празнини во средниот ред поради неколку заминувања.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Познато е дека Елмас и претходно беше на радарот на неколку клубови од Ла Лига, но сега Реал Сосиедад сака да ги конкретизира разговорите и да упати официјална понуда. Спортскиот директор Ерик Бретос и претседателот на клубот, Џокин Аперибаи, веќе го идентификувале Елмас како приоритетна цел, а и тренерот Серхио Франциско дал зелено светло за негов ангажман.
Во Сан Себастијан сметаат дека Елмас би бил идеално засилување, не само поради својата креативност и способност да игра на повеќе позиции во средниот ред, туку и поради неговата желба да се натпреварува во Ла Лига. Интересот е реален, иако конкретен договор сè уште не е постигнат, но следните неколку дена би можеле да бидат клучни за развојот на ситуацијата.
Да потсетиме, Елмас во зимскиот преоден рок беше посакуван и од Валенсија, но тогаш не дојде до договор. Наместо тоа, македонскиот интернационалец ја мина пролетната полусезона како позајмен играч во италијанскиот Торино, каде одигра 13 натпревари и постигна 4 голови.