
Неодамна силно одекна веста дека Олимпик Лион може да биде испратен во Лига 2 поради долгови насобрани во последните години.
Француската фудбалска федерација не попушти пред името на клубот и Лион се соочи со сериозна казна.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Следеше реакција од УЕФА, која првично го исклучи Лион од Лига Европа, но на крајот му дозволи учество со објаснување дека долговите се врзани само за националното првенство и немаат врска со европски натпревари.
Фундаментални промени за францускиот гигант и поранешен повеќекратен шампион, но можеби ќе добијат и шанса за спасување.
Имено, некои европски медиуми објавија дека Лион можеби може да избегне испаѓање во Лига 2, но под еден услов.
За да останат во Лига 1 и да избегнат најголемата казна во историјата на клубот, Лион треба до крајот на јули да собере 200 милиони евра.
Од тие 200 милиони, половината, односно 100 милиони евра мора бидат достапни на сметка на клубот и транспарентно прикажани.
Се нема да се смета на ветената сума или на сумите што би се исплаќале периодично.
Останатите 100 милиони евра треба да се соберат до крајот на сезоната преку приходи како награди од натпревари и трансфери на играчи.
Иднината на клубот во голема мерка ќе зависи од овие клучни финансиски можности, кои мора да ја убедат Фудбалската федерација на Франција во одржливоста и стабилноста на економскиот проект на клубот за следната сезона.
Во Лион се надеваат дека оваа можност за спасување ќе биде успешна.
Во целата приказна, клубот можеби ќе биде принуден да ги продаде своите најдобри играчи за да ја собере потребната сума, па прашање е со каков состав ќе ја дочекаат новата сезона ако останат во Лига 1?
Како и да е, пред Лион стои уште еден месец на неизвесност.
„Лавовите“ инаку успеаја седум пати да ја освојат титулата шампион на Франција, како и пет пати Купот на таа земја.