
Арсенал ќе мора да плати повеќе од 90 милиони евра ако сака да ја доведе ѕвездата на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, пишува „Фудбал Инсајдер“.
„Топџиите“ минатото лето го донесоа Виктор Ѓокереш, но од тогаш се поврзуваат со поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, кој со Атлетико има договор до 2030 година.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Ако Арсенал сега го доведе аргентинскиот напаѓач за 90 милиони евра, тоа би бил најголемиот трансфер оваа зима. Сега најскап е преминот на Антоан Семењо од Борнмут во Манчестер Сити за 72 милиони евра.