Дома Фудбал Се подготвува големо изненадување! Чаби Алонсо фаворит за шокантна работа!

Се подготвува големо изненадување! Чаби Алонсо фаворит за шокантна работа!

Алонсо реши на почетокот на сезоната да ја преземе екипата на Реал Мадрид и тогаш ја напушти екипата на Баер Леверкузен.

Така го замени Алонсо Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид кој стана нов селектор на Бразил.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, притисокот многу бргу се зголемуваше врз Алонсо, и по 34 натпревари на чело на овој тим доби отказ.

Ден по поразот во Суперкупот на Шпанија од Барселона, Реал објави дека Чаби Алонсо добил отказ.

Сепак, му се заблагодарија на еден убав начин, и изгледаше како да замина како вистинска легенда, но јасно е дека повеќе би сакал да остане на клупата на овој клуб.

Алваро Арбелоа стана нов тренер на Реал Мадрид, а Чаби Алонсо е во потрага по нов клуб кој ќе го тренира.

Според наводите од Англија, Чаби Алонсо не би требало да биде долго време без работа.

Имено, тој стана прв фаворит за работа во Тотенхем каде што наводно Томас Франк многу бргу треба да добие отказ.

Во игра, освен Чаби Алонсо, се и Марко Силва од Фулам, и Енцо Мареска кој неодамна доби отказ во екипата на Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…