Маркос Рашфорд разгледува понуди, флертува со големите клубови, а уште еден во редот е – Барселона!
Тони Хуанмарти ексклузивно открива дека братот и агентот на Рашфорд, по Милано, отпатувал и на преговори во Барселона за да го “испита теренот”.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
И добил позитивен одговор, бидејќи Барселона е заинтересирана да го донесе Рашфорд на позајмица до крајот на сезоната.
Од претходно се знае дека Барселона сака да ја засили напаѓачката линија, и во времето кога Жоан Лапорта успеа да го врати клубот во финансиски рамки, засилувањата оваа зима не се исклучени.
Рашфорд има понуди од Милан, Јувентус, го бара и Борусија Дортмунд, се разбира, во прашање се само позајмици со потенцијална откуп, но впечатокот е дека најзаинтересиран е за заминување во Барселона.
Каталонски „Спорт“ потсетува дека во 2019 година Рашфорд исто така “флертувал” со Барса, но тогаш решил да потпише нов договор со Јунајтед.
Исто така, каталонските медиуми потсетуваат на зборовите на Рашфорд откако постигна гол на “Камп Ноу” во Лига Европа пред две години.
“За мене е извонредна чест што играв на “Камп Ноу” и голема е работа што успеав да постигнам гол на овој стадион”, рече тогаш Рашфорд.
Барса добро го памети, Рашфорд беше најзаслужен што Јунајтед помина во осминафиналето на Лига Европа во тој дуел, а сега би можел на позајмица во Каталонија.
Според извори, Англичанецот е подготвен да се откаже од одреден дел од примањата до крајот на тековната сезона за Барселона да може да си го дозволи и да го доведе пред летото.
Вакво нешто не е невозможно, Барса во блиската историја на позајмица ги доведе Адама Траоре, Жоао Феликс и Жоао Кансело, така што треба да се следи понатамошниот развој на ситуацијата…