Дома Фудбал Се појави фотографија: Легендарниот Касиљас во врска о актерка од „филмовите за возрасни“?

Се појави фотографија: Легендарниот Касиљас во врска о актерка од „филмовите за возрасни“?

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас се најде во центарот на вниманието на светските медиуми, бидејќи го поврзаа со поранешната ѕвезда на филмови за возрасни Клаудија Бавел!

Тие двајца биле фотографирани и на “состанок” додека престојуваа во истиот хотелски комплекс во Барселона, а веста беше објавена во вторникот од шпанскиот неделен магазин “Диез Минутос”.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Споменатиот медиум наведува дека парот заедно го напуштил неназначениот хотел рано наутро, намерно се разделиле за да избегнат средба со папараците кои ги чекале.

Поранешниот шпански интернационалец, легендата на Реал, уживаше во друштвото на низа атрактивни жени од моментот на раздвојувањето со радио и ТВ водителката Сара Карбонеро во март 2021 година по пет години брак.

Од друга страна, Клаудија себеси се дефинира како “креаторка на содржини и поранешна актерка во филмови за возрасни.” Преку платформата “Onlyfans” заработува околу 20,000 евра месечно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крос соработуваше со Зидан и Анчелоти, јасно кажа кој од двајцата за него е подобар

Тони Крос за време на својот престој во Реал Мадрид освои речиси сè што можеше и имаше изв…