Дома Фудбал Се отвора ли уште едно место на СП? „Не постои план Б, В или Г, тие доаѓаат“

Се отвора ли уште едно место на СП? „Не постои план Б, В или Г, тие доаѓаат“

Претседателот на Светската фудбалска федерација Џани Инфантино соопшти дека смета дека Иран ќе учествува на Светското првенство и дека не постои план да се менува било што.

Иран, по се изгледа, сепак ќе игра на Светското првенство без оглед на тоа што е во конфликт со организаторот на Мундијалот – Соединетите Американски Држави.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа селекција би требало да ги одигра сите три натпревари од групната фаза на Светското првенство во САД. Се зборуваше дека ќе се откажат од учеството, но брзо стигнаа деманти и навеле дека сакаат на Мундијалот.

„Ќе ги бојкотираме Соединетите Американски Држави, но нема да го бојкотираме Светското првенство”, рече неодамна првиот човек на ФС Иран Мехди Таж и побара натпреварите да се играат во Мексико.

За сега нема разговори за промена на стадионите домаќини. Два натпревари, против Нов Зеланд и Белгија се закажани во Лос Анџелес, а дуелот против Египет во Сиетл и се е до Иран и нивната желба за учество, бидејќи веројатност за одигрување во Мексико нема да има.

Сега и првиот човек на ФИФА Џани Инфантино соопшти како не постои друг план од веќе планираното доаѓање на Иран на Светското првенство.

„Сакаме Иран на Светското првенство и не постои никаква алтернатива”, изјави Инфантино и додаде:

„Нема план Б, план В или план Г. Иран е на Светското првенство и точка.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресврт и предавство во најава: Влаховиќ потпишува за еден од најголемите ривали на Јувентус!?

Душан Влаховиќ неодамна се согласи да потпише краткорочен договор (две години) со Јувентус…