Дома Фудбал Се менува правилото за пенал, поранешен судија порачува: Ќе се изненадите!

Се менува правилото за пенал, поранешен судија порачува: Ќе се изненадите!

Познатиот судиски аналитичар Едуардо Итурралде Гонзалес, кој судеше во шпанската Ла Лига од 1995 до 2012 година, во емисијата Carrusel Deportivo најави можност за промена на фудбалско правило кое драстично би можело да го измени изведувањето на пеналите, пишува Marca.

“Еве нешто што може да се случи следната година, ќе видите… Едно од правилата на фудбалот кое е потенцијално да се промени е правилото за пенали. Кога голманот ќе одбрани, нема повторна шанса. Тука е целата суштина”, изјави 58-годишниот поранешен меѓународен судија, објаснувајќи накратко за што се работи.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Тој го објасни механизмот во пракса: “Ако голманот одбрани, играта се прекинува и следи удар од гол-линија.” Поранешниот судија истакна дека оваа идеја е иницирана од Пјерлуиџи Колина, член на УЕФА одборот за судии.

Оваа концепција не е нова. Уште во јули оваа година, британскиот таблоид The Sun известуваше за потенцијални измени во правилникот според кои повторливите шанси при пенали би можеле да станат минато. Ако правилото биде усвоено, можно е да стапи во сила веќе за Светското првенство 2026 година.

Предлогот предвидува дека по промашен или одбранет пенал, играта продолжува со удар од гол-линија за противничкиот тим, без можност напаѓачот да ја искористи одбиената топка.

Ова мерка, која сè уште чека одобрување од Меѓународниот одбор на ФИФА (IFAB), добива се повеќе поддршка. Се смета дека пеналот и така дава голема предност на тимот што напаѓа, а повторната шанса за напаѓачите е неправедна. Дополнителен аргумент е дека голманите се ограничени со правилото да останат со барем една нога на гол-линијата.

Исто така, со укинување на повторените шанси ќе се елиминираат и честите контроверзии поради рано влегување на играчите во казнениот простор, бидејќи секоја акција по ударот ќе стане непотребна.

Фото: Barcelona/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паника во Арсенал: Мадуеке се здоби со една од најтешките повреди во спортот!?

Фудбалерите на Арсенал вчера освоија бод во натпреварот против Манчестер сити во продолжен…