Дома Фудбал Саудиска Арабија во 2025 и 2027 ќе се бори за титулата шампион на Северна и Средна Америка и Карибите

Саудиска Арабија во 2025 и 2027 ќе се бори за титулата шампион на Северна и Средна Америка и Карибите

Фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија е поканета како гостин да учествува на следните две изданија на Голд купот, кој се одржува под покровителство на КОНКАКАФ конфедерацијата (Северна и Средна Америка и Кариби), осум дена откако оваа азиска држава го доби домаќинството на Светското првенство во 2034 година.

Голд купот в година ќе се одржи во 14 градови низ Соединетите Американски Држави и Канада и ќе биде своевидна проба за Светското првенство, кое покрај овие две држави, го организира и Мексико во 2026 година.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Во натпреварувањето за Голд купот ќе учествуваат вкупно 16 репрезентации. 

Претходни гости на Голд купот беа Бразил (1996, 1998, 2003), Колумбија (2000, 2003, 2005), Еквадор (2002), Перу (2000), Катар (2021, 2023), Јужна Африка (2005) и Јужна Кореја (2000 и 2002 година).

Пласман на Голд купот засега освен домашните репрезентации на САД и Канада, како и гостите од Саудиска Арабија, обезбедија и селекциите на Мексико, Курасао, Доминиканската Република, Ел Салвадор, Хаити и Панама.

Извлекувањето за Голд купот е закажано на 10 април следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неапол гори, Наполи е шампион на Италија

Наполи е шампион на Италија по 4-ти пат во својата историја, откако во последното коло го …