
Сантос синоќа претрпе тежок пораз од Васко да Гама со 0:6 на домашната арена Моруми во рамки на 20. коло од бразилското првенство. Овој резултат влезе во историјата како најголем пораз за Сантос од Васко во скоро сто години соочувања меѓу овие два клуба.
Екипата од Рио де Жанеиро започна со водство во 18. минута со голот на Лукас Питон. Потоа, одбраната на домаќините целосно се распадна: Давид го зголеми резултатот во 52. минута, додека Филипе Кутињо погоди во 54. и 61. минута, Рајан беше прецизен од белата точка во 59. минута, а конечните 0:6 ги постави Че Че во 67. минута.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Со оваа победа, Васко се извлече од зоната за испаѓање, додека Сантос остана два бода над нив. Ден по натпреварот, клубот го ослободи тренерот Клебер Ксавиер, а Нејмар не можеше да ги задржи солзите додека беше на теренот. Снимката можете да ја погледнете ТУКА.
Васко со оваа голеада целосно го упропасти специјалниот ден на Нејмар. Имено, ова беше 250. натпревар за 33-годишната ѕвезда во дресот на Сантос, клубот во кој ја започна својата играчка кариера. Нејмар оваа сезона има постигнато три гола во 11 натпревари од лигата.