
Џејдон Санчо го напушти Челси и, според се, не планира да продолжи во Манчестер Јунајтед.
Англиските медиуми објавија денес дека Санчо има неколку понуди од Премиер лигата, бидејќи му се јавиле – Астон Вила, Њукасл и Тотенхем. Сите три тима ќе настапуваат во Европа следната сезона, Вила во Лига Европа, додека останатите две во Лигата на шампионите, што можеби ќе биде одлучувачко за крилниот напаѓач.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Неговата висока плата претставува проблем, исто како и фактот што Јунајтед инсистира на дефинитивен трансфер, а не на позајмица, по неуспешните преговори со Челси да го откупат.
Астон Вила покажува најголем интерес, но јасно стави до знаење дека сака Санчо само на позајмица со опција за откуп, што засега не е на маса.
Санчо стигна во Јунајтед во летото 2021 година за неверојатни 85 милиони евра, сума која досега не ја оправда, па беше позајмен на Борусија Дортмунд и потоа во Челси.
За Јунајтед одигра 83 натпревари, со скромен учинок од 12 голови и шест асистенции. Не се прослави ниту во Челси, каде на 41 настап во сите натпреварувања постигна пет голови и додаде 10 асистенции. Челси имаше можност да го откупи за 30 милиони евра, но избра да плати пенали од шест милиони и да го врати на Јунајтед.
Може ли Санчо да се врати на вистинскиот пат и кој клуб е најдобар за тоа – Њукасл, Астон Вила или Тотенхем? Или некој четврт?