
Фенербахче е вистинска мала балканска колонија, а може да стане посилна со едно навистина феноменално име.
Турскиот Hurriyet ја шокираше цела Европа со последните информации за можен трансфер во турскиот фудбал.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Тие “лансираа бомба” дека најголемата бомба на турскиот преоден рок може да биде српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.
Најверојатно, Жозе Мурињо побарал од сопственикот на Фенербахче замената за Един Џеко летово да биде исклучиво српскиот напаѓач.
Влаховиќ подолго време не е во добри односи во Јувентус, и тоа сега може да дојде на “наплата”.
Тиаго Мота не му дава важност на српскиот напаѓач, а тој не сака да го продолжи договорот со Старата дама.
Фенербахче во тоа гледа шанса и подготвени се да платат до 30 милиони евра за тој да се пресели во Истанбул.
Тоа е далеку од сумата која Јувентус ја исплати за него, кога на Фиорентина и дадоа дури 83 милиони евра.
Сепак, според пишувањата на турскиот Hurriyet, ова треба да биде доволно бидејќи нема клуб кој ќе плати повеќе.
Повторно, така Влаховиќ не би го напуштил Јувентус бесплатно што е донекаде неговата цел во сето ова. Влаховиќ би се придружил на вистинската балканска колонија во Фенербахче, каде што моментално се наоѓаат двајца Срби, Душан Тадиќ и Филип Костиќ.
.❗Фенербахче сака да го потпише Влаховиќ за 25-30 милиони евра ова лето.
— Forza Juventus (@ForzaJuveEN) 20 февруари 2025
— @Hurriyet pic.twitter.com/5NBPmi2gbB