Дома Фудбал Салиба ја донесе својата одлука за иднината – Реал Мадрид или Арсенал?

Салиба ја донесе својата одлука за иднината – Реал Мадрид или Арсенал?

Навивачите на Арсенал го сметаат Салиба за еден од клучните играчи во тимот, иако тој јавно призна дека Арсенал не заслужува да ја освои Премиерлигата пред Ливерпул оваа сезона.

Салиба стана еден од најдобрите стопери во светот во последните две години на Емирејтс.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Французинот командува со одбраната на Арсенал, и заедно со Габриел прават најсилен стоперски тандем во Премиерлигата.

Изгледа дека судбината на Топџиите е повторно да завршат на второ место на табелата во домашното првенство, но овој пат зад Ливерпул, а не Манчестер Сити.

Се разбира, со едно или две големи и скапо платени засилувања следното лето, сигурно Арсенал ќе биде во борба за трофејот и во наредните години на сите фронтови.

Салиба заедно со Сака е најголемата ѕвезда на Арсенал во овој момент и двајцата ќе имаат уште две години договор со тимот од „Емирати“ кога завршува сезоната.

Салиба зборуваше на прес-конференција пред натпреварот со ПСВ и беше запрашан дали размислува за заминување од Арсенал затоа што го посакува Реал Мадрид.

„Среќен сум тука. Имам уште две години договор. Навивачите не треба да се грижат. Среќен сум тука и сакам да останам тука“, изјави Салиба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалската федерација на Македонија доби нов спонзор

Новоматик Македонија станува дел од тимот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ка…