Дома Фудбал Салах ќе потпише за Реал Мадрид, но само под еден услов!?

Салах ќе потпише за Реал Мадрид, но само под еден услов!?

Мохамед Салах уште не донел одлука дали ќе остане во Ливерпул или ќе ја продолжи кариерата во некој друг клуб, а денеска се појави информација дека во еден од неочекуваните сценарија може да заврши во Реал Мадрид.

Познато е дека договорот на Салах со Ливерпул истекува на крајот на оваа сезона и се уште не се знае дали Египќанецот ќе остане на Анфилд.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тој во неколку наврати отворено изјави дека Ливерпул воопшто не му понудил нов договор, и се зборува сѐ погласно дека би можел да заврши во Саудиска Арабија каде тамошните клубови му нудат богатство.

Сепак, се чини дека целта на Салах е да остане во Европа уште некое време и во моментов ги разгледува своите најреални опции.

Во меѓувреме, „се разбуди“ и Ливерпул кој започна преговори за нов договор, кој би можел да биде продолжен за уште две сезони.

Меѓутоа, англиските медиуми денеска објавија дека еден од неочекуваните сценарија е и преселба на Салах во Реал Мадрид, но тешко е да се очекува дека тоа навистина ќе се случи.

Кралевите ја разгледуваат опцијата да го доведат Салах и наводно добиле позитивен одговор од неговиот агент дека Египќанецот би ја разгледал понудата на Реал Мадрид доколку до истата дојде.

Но, за тоа да се случи потребно е Винисиус Жуниор да го напушти Реал. Познато е дека клубови од Саудиска Арабија го сакаат и Винисиус и се подготвени дури и да вложат над милијарда евра за Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куртоа му возврати на Ноер за Донарума: “Претерано е тоа да се каже”

Џанлуиџи Донарума вчера во една борба за топка тешко го повреди Џамал Мусиала. Мануел Ноер…