Дома Фудбал Салах призна: Ако не го продолжев договорот со Ливерпул, ќе завршев таму!

Салах призна: Ако не го продолжев договорот со Ливерпул, ќе завршев таму!

Мохамед Салах неодамна официјално го продолжи својот договор со Ливерпул, иако за време на сезоната изгледаше дека би можел да го напушти клубот. Капитенот на египетската репрезентација имаше низа забелешки за својата улога во тимот, но успешната сезона и доаѓањето на новиот тренер Арне Слот ја променија ситуацијата.

Овој пат, освојувањето на титулата во Англија им донесе на фановите уште една причина за славење – потпишувањето на новиот договор со нивната најголема ѕвезда. Салах призна дека ситуацијата можела да биде сосема поинаква, бидејќи дооил голема понуда од Саудиска Арабија која сериозно го довела до мислата да го напушти Островот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сепак, врската со навивачите и довербата која ја доби од клубот беа клучни фактори за да остане. Салах не го криеше фактот дека преговорите беа долготрајни и дека не беше лесно да се дојде до договор. “Преговорите со Ливерпул траеа долго, ја познавам политиката на клубот, најдовме заеднички јазик и сите сме задоволни. Дел од притисокот врз клубот дојде од навивачите, знам дека од почетокот сакаа да останам и тие имаа значајна улога во тоа. Мојот однос со лидерите на Саудиската лига е многу добар и да не го продолжев договорот со Ливерпул, верувам дека ќе заминев таму”, изјави Салах.

Фото: Liverpool F.C/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ е минато: Познато кој ќе го наследи неговиот број 10 во Реал Мадрид

Тој беше таму повеќе од деценија. Освои сè што можеше да се освои со Реал Мадрид и беше чо…