
Големо изненадување вчера приреди Галатасарај, славејќи над Ливерпул со 1:0 на домашен терен, а најмногу се зборува за изјавата на Мохамед Салах, кој вели дека никогаш досега не доживеал нешто слично како она што му се случи во Истанбул.
Во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите, гледавме многу возбудливи моменти, а најголемото изненадување дојде од Истанбул, каде што Галатасарај успеа да го порази тимот на Ливерпул.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Иако беше добро познато дека Истанбул не е лесно место за играње, Ливерпул влезе како фаворит. Сепак, во крајна линија, тимот излезе со празни раце од дуелот со првакот на Турција.
Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 16-та минута, кога Галатасарај доби пенал. Виктор Осимен беше сигурен од белата точка и со тоа го постави конечниот резултат од 1:0.
Ливерпул обидувајќи се со сите сили да израмни, но одбраната на Галата беше извонредна, обезбедувајќи им голема победа.
Интересен потег направи Арне Слот, оставајќи го Салах на клупата, кој доби шанса да заигра во второто полувреме. Чуден момент беше кога играчот се подготвуваше за влез на теренот.
Кога Салах беше повикан да се подготиви, трибините почнаа жестоко да свират, и тој во еден момент мораше да ги покрие ушите со рацето од моменталната врева.
Навивачите на Галата познати се по нивната неверојатна атмосфера, а Салах по натпреварот изјави дека никогаш до сега не доживеал такво нешто како вчерашниот амбиент во Истанбул.
“Никогаш не сум играл во ваква атмосфера. Најтешко беше да се остане фокусиран. Бучавата од трибините преголема ништо не се слушаше на теренот и ние не можевме да се снајдеме. Им честитам на Галатасарај за победата”, рече Салах.
Салах не е првиот што се соочил со тешкотии за игра на стадионот на Галатасарај поради извонредната атмосфера, а токму поради тоа многумина го сметаат гостувањето на овој стадион за едно од најтешките во светот на фудбалот.