Дома Фудбал Салах никогаш не бил повеќе емотивен: Нека запаметат дека бев тука – им дадов се!

Салах никогаш не бил повеќе емотивен: Нека запаметат дека бев тука – им дадов се!

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах, кој игра во својата најдобра форма досега и го води Ливерпул кон нова титула во Англија, во емотивно интервју повторно го најави своето заминување од Енфилд.

Ливерпул не ги исполни желбите на Салах за продолжување на договорот, па влезе во последните месеци од соработката. Преговорите се уште траат, а Египќанецот повеќепати нагласил дека ќе го напушти Ливерпул ако не се дојде до договор наскоро.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Салах и претходно јавно зборуваше дека е поблиску до заминување отколку до продолжување на соработката, а сега во интервју за TNT Sports на емоционален начин се обрати до навивачите на Ливерпул. За многумина ова е сигнал дека си заминува од Енфилд.

“Сакам навивачите да запомнат дека сè дадов за нив. Се дадов за градот. Бев тука, не бев пасивен, само уживав во фудбалот и се оддадов целосно. Мислам дека тоа е она што го има овој град. Тие ти даваат љубов и имаш врска со нив затоа што даваш сè од себе. Само сакам да ме запомнат дека бев овде осум години и дека се дадов целосно”, изјави Салах.

Водителот на интервјуто на TNT Sports беше уште еден легендарен фудбалер на Ливерпул, Стив Мекманаман. Кога Стив директно го праша каде ќе ја продолжи кариерата, Салах вљубезно порача дека нема да зборува за тоа.

Да потсетиме, Ливерпул има проблеми и со договорите на Вирџил ван Дијк и Трент Александер-Арнолд, кои, исто така, истекуваат следното лето, и сè уште не е познато каква е нивната иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона планира спектакуларен трансфер

Ѕвездата на тимот на Њукасл, Александар Исак, е во плановите на Барселона за летниот транс…