
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека има голема желба да ја освои Златната топка во чест на својот египетски народ.
Салах е еден од главните фаворити за ова престижно признание, постигнувајќи 34 голови во 52 натпревара во сите натпреварувања минатата сезона. Со неговите 22 голови во Премиер лигата, тој му помогна на Ливерпул да ја освои титулата и самиот стана достоен носител на Златната копачка.
„Ако ја добијам Златната топка, тоа би било фантастично. Дури и ако не ја освојам, кариерата ми ќе се развива на одличен начин. Сепак, таа визија ме мотивира постојано. Сакам да ја донесам оваа чест на мојот народ. Тоа е нешто што секогаш го имам на ум“, изјави Салах за Франс фудбал.
Првиот и единствен играч на Ливерпул што ја освои Златната топка досега е Мајкл Овен во 2001 година.
Салах почнал да игра фудбал како дете заедно со својот брат во египетското село Нагриг.
“Кога бев млад, не размислував за такви работи бидејќи играв по улиците во Египет и не си се гледаш како освојувач на Златната топка. Тој разговор започна кога (менаџерот) Рами Абас му говореше за таа можност. Вистинската вера во тоа се роди кога дојдов во Ливерпул, не во Рома“, рече 33-годишниот напаѓач.
“Некои играчи во последните години го освоија тој трофеј во своите триесетти години. Затоа, кој би знаел? Изгледа дека следната сезона ќе биде полна со предизвици и можности со одбрана на нашата титула во Премиер лигата, учество во Лигата на шампионите, Африканскиот куп на нации со Египет и Светското првенство“, додаде Салах.
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Како што пренесе Ти-Ен-Ти (TNT), најголемите шанси за освојување на Златната топка според кладилниците ги држи фудбалерот на Пари Сен Жермен Усман Дембеле, кој минатата сезона ја освои Лигата на шампионите со парискиот клуб. Меѓу кандидатите се и неговиот тимски колега Витиња, како и Ламин Јамал од Барселона со три трофеи. Тука се и Килијан Мбапе од Реал Мадрид, Квича Кварацхелија од Пари Сен Жермен и Рафиња од Барселона. Престижниот трофеј ќе биде доделен на 22 септември.
Фото: Liverpool FC/X