Мохамед Салах, според последните информации, ги договорил условите за новиот договор со Ливерпул, а изгледа дека „црвените“ се на прагот да потпишат со уште еден од клучните фудбалери.
Во моментов, Ливерпул е во ситуација да преговара со најважните фудбалери за нови договори.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мохамед Салах, изгледа, е решен случај, а сега претстојат преговори и со Ван Дајк и Александер-Арнолд.
Сепак, додека тие тројца се во процес, Ливерпул изгледа го договорил потписот на уште еден важен играч.
Како што објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, на прагот на нов договор е Ибрахима Конате.
Овој 25-годишник во моментот е повреден и надвор од составот, но „црвените“ работат на тоа да ја продолжат соработката со него.
Неговиот договор на „Енфилд“ трае до јули 2026 година, но без оглед на тоа, Ливерпул сака да го осигура на подолг рок.
До сега има настапено за Ливерпул на 108 натпревари, и има постигнато пет гола со три асистенции.