Дома Фудбал Салах го „пецна“ Јунајтед и на интересен начин му честиташе на Тотенхем за трофејот во Лигата на Европа (Фото)

Салах го „пецна“ Јунајтед и на интересен начин му честиташе на Тотенхем за трофејот во Лигата на Европа (Фото)

Фудбалерите на Тотенхем ја освоија Лигата на Европа, откако во големото финале во Билбао ја победија екипата на Манчестер Јунајтед со минимални 1:0! Победничкиот гол го постигна Бренан Џонсон во 42-та минута.

Впечатокот е дека навивачите не беа баш почестени со квалитетен фудбал, а многумина дури беа разочарани од финалето во кое играа два тима кои се најблиску до зоната за испаѓање во Премиер лигата. Во секој случај, Тотенхем го прекина европскиот пост долг 41 година и конечно дојде до трофејот. Последен пат, тоа им успеа во сезоната 1983/84, кога го освоија тогашниот Куп на УЕФА.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тренерот на „Петлите“, Ангелос Постекоглу, успеа да го освои трофејот во својата втора сезона во Тотенхем, што го правеше и во други клубови, на што и самиот истакнува.

– Ќе се поправам. Обично не освојувам трофеи во втората сезона. Секогаш го правам тоа. Ништо не се променило. Токму тоа го реков и не зборувам нешта во кои не верувам – рече Постекоглу.

По финалето, се огласи и Мохамед Салах кој на својот “Икс-налог” на многу интересен начин му честиташе на Постекоглу и Тотенхем.

– Тој рече дека ќе победи во втората сезона. Честитам! – гласеше пораката на Салах.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жестока реакција на Осогово: Судијата Салихи е срам и брука за ФФМ!

Осогово претрпе пораз од 2-3 против Скопје во четвртото коло од Втората лига, но мечот во …