
Мохамед Салах, најголемата ѕвезда на Ливерпул, реагираше на објавата на популарниот навивачки профил Anfield Edition, барајќи поголема почит кон играчите кои го напуштија клубот. Салах не се согласи со споредбата на новите засилувања со Луис Дијаз и Дарвин Нуњез, поранешни членови на тимот кој минатата сезона го освои првенството на Англија, пренесува Daily Mail.
Anfield Edition, кој на социјалната мрежа X го следат повеќе од половина милион луѓе, во вторникот ги истакна летните трансфери на Александер Исак и Флоријан Вирц. За нив Ливерпул плати 147 и 137 милиони евра, а објавата гласеше: “Наведете го најголемото подобрување во историјата на фудбалот”. Тие директно ги споредија со Дијаз и Нуњез, кои си заминаа ова лето. Колумбиецот за 77 милиони евра се приклучи на Бајерн Минхен, додека уругвајскиот напаѓач за 62 милиони евра премина во саудискиот Ал-Хилал.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Египетскиот репрезентативец веднаш реагираше. “Што ќе кажете да ги прославиме одличните засилувања без да имаме непочит кон шампионите на Премиер лигата?”, напиша Салах. Неговиот коментар предизвика голем број позитивни реакции од навивачите, а многумина му порачаа: “Во право си, Мо”, “Кралот зборува” и “Секогаш ќе се памети нивното влијание”.
Фото: Grok AI