Дома Фудбал Салах еден ден по трагедијата собра сили да се огласи: Страв ми е да се вратам во клубот

Салах еден ден по трагедијата собра сили да се огласи: Страв ми е да се вратам во клубот

Најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, почека еден ден по трагичната смрт на Диого Жота, пред да се огласи, длабоко потресен од веста за својот соиграч.

Блиската соработка меѓу Салах и Жота на фудбалските терени беше клучна за освојувањето на титулата во Премиер лигата во скоро завршената сезона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, нема повторно да ги видиме како ја делат истата теренска визија по големата трагедија која го потресе светскиот спорт. В

Иако првиот ден се воздржа од изјави, утрово беше објавено дека Салах ќе направи потег достоен за голем фудбалер Египќанецот реши да го прекине својот одмор и денес ќе се врати во Ливерпул.

По дознавањето на веста, Салах веднаш полета за Англија од Египет, за да биде меѓу клупските соработници и на местото каде што ќе се одржат неколку случувања поврзани со комеморациите за Диого Жота. Првично, неговиот одмор беше планиран да заврши во среда следната недела.

Иако Салах долго се воздржуваше од коментар, времето му беше потребно за да ја прифати тешката реалност без својот партнер во нападот од Ливерпул. Длабоко потресен, тој изрази страв од враќање во клубот.

“Со зборови не можам да го опишам шокот. До вчера не си го замислував враќањето во Ливерпул со страв. Соиграчите доаѓаат и си одат, но не на ваков начин. Тешко ќе биде да прифатам дека Диого нема да биде тука кога ќе се вратиме”, рече Салах, а потоа испрати порака до семејството:

“Ќе останам во мислите со неговата сопруга, деца и, секако, родителите, кои ги изгубија своите синови. Блиските на Диого и неговиот брат Андре ќе имаат потреба од целата поддршка што можат да ја добијат. Засекогаш ќе бидат запаметени,” заврши Египќанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим во акција: Манчестер јунајтед нуди 43 милиони фунти за нов плејмејкер

Со текот на годините, Манчестер Јунајтед се потпираше на Бруно Фернандеш за креативност во…