МОХАМЕД САЛАХ ја има една од најдобрите сезони во својaта кариера. 32-годишниот египетски крилен напаѓач е најдобар стрелец (18) и запиша најмногу асистенции (13) во Премиер лигата, во која Ливерпул оди кон титулата со шест бода предност пред Арсенал, со натпревар помалку.
Според неколку извори од Саудиска Арабија, Салах се договорил со тамошниот сојуз, но се уште не се знае кој клуб.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Тимот, според Саудијците, нема да биде избран од Салах или неговите агенти, туку од државата.
Имено, со четирите најголеми клубови таму раководи Министерството за спорт, кое ќе ја донесе одлуката во интерес на развојот на саудискиот фудбал. Салах би можел да заврши во еден од овие четири клуба: Ал Ахли, Ал Итихад, Ал Хилал и Ал Наср.
Салах во Ливерпул пристигна во летото 2017 година од Рома за 42 милиони евра. За „Црвените“ одигра 377 натпревари, постигна 232 гола и 105 пати им асистираше на соиграчите.