Кошаркарскиот свет е шокиран од вестите кои пристигнаа од Москва. Познатиот кошаркар Јанис Тима (32) извршил самоубиство, а причината веројатно е разводот од украинската пејачка Ана Седокова. Таа се огласи на социјалните мрежи, но во јавноста почнаа да пристигнуваат детали за нивниот приватен живот, а на крајот се јави и таткото на кошаркарот, кој не кажал многу убави зборови за својот син.
Многу побрутален кон поранешниот репрезентативец на Латвија беше Едуард Сандлер, кој го нарече мајмун поради неговите постапки од минатото и самоубиството во Москва. Претседателот на Динамо од Владивосток нагласи дека Јанис Тима ја напуштил својата сопруга и син поради пејачката, со напомена дека една погрешна одлука води кон друга.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Слаб генетски вид. Нека читаат младите и нека размислуваат. Прво е со бела коса, па може да ја остави жената и детето, а потоа да се убие. Мајмун со слаба генетика. Лекција за сите млади идиоти,“ напиша Едуард Сандлер.