Дома Фудбал Руни за тоа што било побарано од него: Фергусон такво нешто никогаш не би прифатил!

Руни за тоа што било побарано од него: Фергусон такво нешто никогаш не би прифатил!

Во Премиер лигата интервјуата со играчите за време на полувремето станаа редовна појава, но еден од најдобрите голгетери на сите времиња, Вејн Руни, подвлекува дека ова не би било прифатено од неговиот некогашен тренер во Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

Исклучителниот напаѓач на Евертон, Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, во својот подкаст го нарече овој тренд „лудост“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Кога се приклучив на Ди-Си Јунајтед, првично сакаа да давам интервјуа на полувремето како играч, но јас тоа го одбив. Според мене, целата концентрација треба да биде насочена кон играта и што ќе се случи во следните 45 минути. Добро знам како би реагирал Фергусон, ссигурно немаше да прифати, убеден сум. Нема шанси кај него да поминеше такво нешто,“ изјави Руни.

Интересно е што Фергусон, како стратег на Манчестер Јунајтед, често беше подготвен да дава интервјуа на полувремето кога се играше Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти го подели Бразил околу Нејмар, критики и за Винисиус поради конфликтот со Алонсо

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Карло Анчелоти го објави списокот на иг…