Дома Фудбал Руни го критикуваше Аморим, но Португалецот не му остана должен

Руни го критикуваше Аморим, но Португалецот не му остана должен

Рубен Аморим е во центарот на јавноста по изјавата што ја даде по испаѓањето од ФА Купот од тимот на Фулам, а сега во приказната се вклучи и легендата на Манчестер Јунајтед – Вејн Руни.

Манчестер Јунајтед овој викенд беше елиминиран во осминафиналето на ФА Купот од Фулам по неуспешното изведување на пенали.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Така тие изгубија уште една шанса за трофеј оваа сезона, а веќе долго време немаат шанси за титула во лигата, бидејќи моментално се наоѓаат на 14. место.

Претходно испаднаа од ЕФЛ Купот, а единствената шанса за пехар оваа година им е Лигата на Европа каде што ги очекуваат натпревари од осминафиналето.

По натпреварот со Фулам, шефот на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим даде една бизарна изјава.

Изјави дека целта на неговата екипа е освојување на англиската Премиер лига, што е речиси лудо да се каже, со оглед на состојбата во која се наоѓаат.

Оваа изјава наиде на потсмев на социјалните мрежи, а во приказната се вклучи и легендарниот поранешен фудбалер на Црвените ѓаволи – Вејн Руни.

„Мислам дека е наивно да се каже дека сакаат да ја освојат Премиер лигата, имаат уште многу до таму од моменталната позиција”, изјави Англичанецот.

Рубен Аморим одлучи да ја прекине тишината и да му одговори на Руни на прилично брутален начин.

„Не сум наивен, затоа и сум овде, со мои 40 години водам екипа на Манчестер Јунајтед”, порача португалскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гласајте за Нестор: Води битка за играч на месецот во Хрватска!

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски има одличeн месец зад себе и заслужено се најде во …