Дома Фудбал Роналдо може да стане сопственик на шпански клуб

Роналдо може да стане сопственик на шпански клуб

Напаѓачот на Ал Наср и на португалската репрезентација Кристијано Роналдо може наскоро да стане сопственик на Алмерија од втората шпанска лига, пренесува Марка.

Клубот е сопственост на раководителот на саудиската инвестициона компанија SMC Group, Мохамед Ал-Хереиджи, со кого 40-годишниот фудбалер има добри односи. Роналдо може да купи удели во компанијата и така да стане еден од сопствениците на Алмерија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Црвено-белите“ забележале 62 бода во 39 круга и се на шесто место на табелата во Сегунда дивизија.

Роналдо е највисокоплатен спортист на годината според Форбс. Од 1 мај 2024 година до 1 мај 2025 година, Португалецот заработил 275 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали Пеп има некој проблем? Повторно се појави со рани на главата (Фото)

Гребаниците и раните на главата на шпанскиот тренер Пеп Гвардиола повторно се појавија, и …